Московскиот градоначалник ја напушти Русија

Московскиот градоначалник Јури Лужков ја напушти Русија во време кога стануваат се погласни шпекулациите дека тој може да биде разрешен поради корупција. Неговиот портпарол изјави дека Лужков планира да помине една недела во Австрија на одмор. Лужков е градоначалник на Москва од 1992 година. Последниве недели тој се соочува со жестоки критики во медиумите, но и лично од претседателот Дмитриј Медведев.