Нападнат туристички автобус во Индија

Луѓе на мотор пукале кон туристички автобус во близина на главната џамија во индискиот главен град Њу Делхи. Двајца тајвански туристи се ранети во пукањето. До нападот доаѓа само неколку недели пред одржувањето на Комонвелт игрите. Неколку бунтовнички организации се заканија дека ќе го попречат нивното одржување.