Средба Иванов-Нимиц во Њујорк

Претседателот Ѓорге Иванов доцна вечерва во Њујорк ќе се сретне со посредникот на ОН во грчко-македонскиот спор за името, Метју Нимиц.
Средба со Нимиц утре претпладне треба да има и шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас.
Нема најава за евентуални директни контакти меѓу македонската и грчката делегација, кои во Њујорк учествуваат на Генералното собрание на ОН.
Македонскиот претседател утре ќе се обрати на Самитот посветен на милениумските цели, а ќе присуствува и на состанокот на Глобалната иницијатива што ја предводи поранешниот американски претседател, Бил Клинтон.
Предвидено е Иванов во Њујорк да учествува и на вечера организирана од актуелниот претседател на САД, Барак Обама и да се сретне со македонски иселеници.