13 повредени во сообраќајна несреќа во Хрватска

Тринаесет луѓе се повредени во судир на автобус и товарно возило на патот Пула-Бале во Хрватска. Во автобусот имало и туристи од Холандија, Кина и Велика Британија. Никој од повредените не е во животна опасност.