Франција не се откажува од продажбата на воени бродови на Русија

Францускиот министер за одбрана Херв Морин, во Обединетите Нации во Њујорк изјави дека евентуалната продажба на француски веони бродови и носачи на хеликоптери на Русија, не е закана за соседните земји, додавајки дека Русија не е она што беше Советскиот Сојуз. Морин нагласи дека Франција смета оти е важно да се има дијалог со Русија, вклучувајки и за воени и безбедносни прашања. Но, според некои НАТО сојузници, такви воени договори со Русија можат да ја поткопаат безбедноста на Грузија и на некои други соседни земји.