Гејтс-стратегијата на САД во Авганистан е успешна

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс изјави дека стратегијата на Соединетите Американски Држави во Авганистан функционира и тој е оптимист дека е направен прогрес во војната со бунтовниците. Со речиси 30 илјади дополнителни војници Гејтс изјави дека американскиот и НАТО командант во Авганистан, генералот Дејвид Петреус верува дека воената стратегија е на правиот пат.