Повторно се отвора истрагата за смртта на руски новинар

Руската полиција повторно ја отвора истрага за мистериозната смрт на новинарот Јури Штекочихин во 2003 година. Полицијата вели декеа тој можеби бил убиен. Новинарот работеше во весникот Новаја Газаета. Како причина за смртта беше наведен мозочен удар, но опозицијата се сомнева дека бил отруен.
Неговата колешка од истиот весник, Ана Политковскаја беше убиена во 2006 година.