Папаконстантину - Во Грција не е толку лошо

Рецесијата во Грција можеби нема да биде толку тешка колку што се очекува според планот за економски реформи. Ова го изјави грчкиот министер за финансии Јоргос Папаконстантину по средбата со францускиот министер за финансии Кристин Лагард во Париз.