Хилари Клинтон посветена на независна палестинска држава

Американската државна секретарка Хилари Клинтон ја повтори посветеноста на САД на независна, суверена и одржлива палестинска држава. Ова таа го изјави по разговорите со палестинскиот претседател Махмуд Абас во Рамалах.
Клинтон е на Блискиот Исток каде што изминативе два дена посредуваше во мировните разговори меѓу израелскиот премиер Бенјамун Нетанјаху и палестинскиот претседател Махмуд Абас.