Израелско - палестинските директни преговори под прашалник

Палестинскиот претседател Махмуд Абас го прифатил американскиот предлог да продолжи да преговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанхају доколку Израел го продолжи прекинот на градбата на доселеничките населби на Западниот Брег уште три месеци. Според арапските медиуми, сега се чека на одлуката на Израел, кој досега одбиваше да го продолжи мораториумот на градбата, кој истекува за две недели. Нетанјаху, Абас и американскиот државен секретар Хилари Клинтон одржаа состанок вчера во Ерусалим.