Продолжуваат расправите за протерување на Ромите од Франција

Расправата околу контроверзното протерувањето од Франција на Ромите доселеници од Романија и Бугарија се заканува да го засени Самитот на Европската унија кој денеска се одржува во Брисел. Протерувањето на Ромите од Франција, нема никаква врска со она што се случило во Втората Светска војна, изјави европската комесарка за судство Вивиен Рединг, како одговор на острите реакции на Франција во врска со нејзината изјава за политиката на таа земја кон Ромите. Рединг изјави дека не сакала да направи паралела помеѓу случувањата за време на Втората Светска војна и сегашната акција на француската влада. Таа додаде дека сакала да ги одбрани принципите и вредностите на кои се заснова ЕУ. Европската комисија се занимава со случајот со протерување на Ромите и во наредните две недели ќе ја објави конечната анализа за случајот а потоа ќе преземе соодветни мерки. Комесарката за судство, за протерувањето претходно изјави дека тоа е ситуација за која мислела дека нема да се повтори во Европа после Втората светска војана. Францускуските власти ја осудија таквата изјава и ја оценија како скандалозна.