Пад од 5 места на ранг-листата на ФИФА

Македонија падна пет места на листата на најдобри фудбалски репрезентации што ја прави светската фудбалска федерација ФИФА и сега е на 71 позиција. Причини за падот се поразот од Словачка и нерешениот исход со Ерменија во првите две кола од квалификациите за ЕУРО 2012.
Од противниците на Македонија во квалификациската група, Словачка е најдобропласирана на 16 позиција, Русија е на 25 место, Република Ирска на 33, Ерменија е 105-та, а Андора е на 202-та позиција.
Најдобро рангирана е Шпанија, пред Холандија, Германија, Бразил и Аргентина.