Јапонија интервенира за да ја намали вредноста на јенот

Јапонија интервенираше на пазарот со пари за да го ослаби јенот откако јапонската влаута достигна нов рекорд во однос на американскиот долар. Јапонската Централна Банка продаваше јени и купуваше долари поради страхувањата дека силниот јен ќе му наштети на извозот на Јапонија. Министерот за финансии соопшти дека доколку има потреба, властите повторно ќе интервенираат.