Мушараф ќе формира нова партија

Поранешниот пакистански претседател Первез Мушараф изјави дека во наредниот месец ќе го објави формирањето на нова политичка партија. Мушараф пред две години беше принуден да си поднесе оставка, по што ја напушти земјата и живее во Лондон. Доколку се врати во Пакистан, Мушараф може да се соочи со обвинение за крвавиот државен удар во Октомври 1999-та година.