Анти-американски демонстрации во Кабул

Авганистанската полиција пукала во воздух за да ги растера неколкуте стотици анти американски демонстранти во Кабул кои фрлале камења врз полицијата и палеле гуми за да ги блокираат улиците. На 18-ти овој месец во Авганистан ќе се одржат парламентарни избори, а талибанците повикаа на бојкот и се заканија дека ќе ги напаѓаат гласачките места.