Иванов ќе им посака добра учебна година на студентите

Денеска официјално започнува студентската учебна година.Македонскиот претседател, Ѓорѓи Иванов по тој повод ќе одржи говор пред бруцошите на Универзитетот „ Св.Кирил и Методи“ во спортската сала „Борис Трајковски“. На свечената манифестација ќе присуствува и министерот за образование и наука Никола Тодоров.