ЕУ не ја зацврсти својата положба во ОН

Европската Унија не успеа да си ја зголеми својата улога како блок на Обединетите Нации.Членките на Обединетите Нации гласаа да се сопре дебатата околку резолуцијата со која Европската Унија ќе добие претседател кој заедно со шефот за надворшната политика ќе ја претставува на дебатите и состаноците на 23 државни блока. Новинските агенции јавуваат дека Карибите и Африканските земји како и Иран и Венецуела се едни од земјите кои се спротивствуваат на ваквото нешто под изговор дека не треба да и се даде повеќе моќ на Европската Унија во склоп на Обединетите Нации.