Бан Ки Мун:Ахмадинеџад нема да дојде на состанокот на ОН

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад најверојатно нема да присуствува на состанокот на Обединетите Нации каде ќе се преговара за глобалното разоружување. Во интервју за новинската агенција Ројтерс, генералниот секретрар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун вели дека разбрал оти Ахмадинеџад „нема да учествува“ на состанокот на 24 септември, на кој ке зборуваат светските лидери.Бан Ки Мун додаде дека сепак се надева оти Ахмадинеџад сепак ќе одлучи да дојде во Њујорк за да разговараат за отворените прашања вклучувајќи го и прашањето за Иранската нуклеарна програма.