Литванци му изградија споменик на Френк Запа

Американскиот музичар Френк Запа ќе добие статуа во неговиот роден град Балтимор. Статуата е изработена од неговите фанови од Литванија, иако рокерот никогаш не ја посетил оваа поранешна советска република. Статуата на Запа е реплика на таа во главниот литвански град Вилнус поставена во 1995 година.