Јеремиќ - Белград покажа решеност за евроинтеграции

Министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ изјави дека Белград на „недвосмислен и конкретен начин“ покажа решеност да продолжи со европските интеграции.
По средбата со шефот на италијанската дипломатија Франко Фратини во Рим, Јеремиќ нагласи дека се надева оти и ЕУ наскоро ќе направи слични гестови.
Фратини изјави дека мора да се направи се во октомври да се постигне консензус на членките на Унијата кој ќе дозволи Советот на ЕУ да побара мислење од ЕК за кандидатурата на Србија.