Турција виновна зашто не спречила убиство на новинар

Европскиот суд за човекови права ја осуди Турција зашто не го заштитила животот на турско-ерменскиот новинар Хрант Динк, кој беше убиен во 2007 година. Судот во Стразбур одлучи дека Турција треба да му плати 105 илјади евра на семејството на убиениот и да ги плати судските трошоци.
Динк беше убиен во 2007 година, по многуте закани од ултранационалистите. Судењето за неговото убиство се уште трае.