Грција се откажува од „ерга омнес“?

Грција се откажува од барањето, решението на спорот за името со Македонија да биде за севкупна употреба, пишува грчкиот весник To Парон. Владата на Јоргос Папандреу, наводно се согласила со „најновиот предлог“ на медијаторот Метју Нимиц за името Република Вардарска Македонија без негова севкупна употреба, на што досега инсистираше Атина.
Според весникот, пронајдена е формула со која грчкото „ерга омнес“ ќе биде игнорирано. Ваквиот „болен компромис“, наведува весникот ќе биде тешко да помине и носи голем политички ризик за грчката Влада.
Весникот пред неколку дена објави дека Нимиц им доставил нов предлог на Грција и на Макеоднија, што беше демантирано од двете страни. Тие пишуваат дека Атина го прифатила предлогот уште во јули, но дека се уште нема одговор од македонска страна.