Турската економија со квартален раст од 10,3 проценти

Турската економија во вториот квартал од оваа година забележа раст од 10,3 проценти, што е повеќе од очекувањата на економските аналитичари, покажуваат денеска објавените резултати на Државниот статистички институт на Турција.
Ова е трет квартал по ред во кој турската економија бележи раст. Во првите три месеци од годината економскиот раст на Турција изнесуваше 11,7 проценти.
Во периодот април-јуни 2010 година, бруто домашниот производ (БДП) на Турција се зголеми за 3,7 отсто на годишно ниво. Во истиот период минатата година, турскиот БДП имаше пад од 7,6 отсто, по што земјата западна во рецесија како последица на глобалната економска криза.