Судири во индиски Кашмир - 15 демонстранти загинаа

Најмалку 15 демонстранти биле убиени во судир со безбедносните сили во индискиот дел на Кашмир. До протестите дошло како реакција на извештајот за палење на копии од Коранот во САД, а во нив бил убиен и еден полицаец.
Анти индиските демонстранти ги зазеле улиците, ја запалиле, владината зграда и фрлале камења врз полициската станица за време на протестите.