Продолжува потрагата по Младиќ

Српските власти соопштија дека извршиле претрес на пет локации како дел од истрагата за финансиската мрежа што го помага бегството на генералот Ратко Младиќ. Тој е обвинет за воени злосторства во Хашкиот суд. Се соопштува дека под истрага се неколку луѓе и фирми.