Иран ја отежнува работата на атомските инспектори

Шефот на меѓународната агенција за атомска енергија изјави дека одбивањето на Иран да прими двајца инспектори на ова тело ја отежнува работата на агенцијата. Иранскиот амбасадор во Агенцијата ги отфрли ваквите обвинувања и рече дека инспекторите давале лажни податоци за иранската нуклеарна програма.