Фуере - Македонија во ЕУ во 1995 - имагинација

Евроамбасадорот Ерван Фуере ја негираше изјавата на претседателот Ѓорѓе Иванов дека Македонија имала шанса да зaпочне преговори со Европската унија под привремената референца БЈРМ. Фуере изјави дека таквите тврдења се плод на имагинација, бидејќи таа година Шведска и Финска станаа членки на Европската унија, a Унијата ги немаше почнато преговорите со земјите кои станаа членки во 2004 година. Фуере рече дека целата таа дебата е губење време, зашто треба да се фокусираме на иднината. Владата е таа која треба да оди напредува кон Европската унија, рече Фуере.