Лозарите утре ќе ја блокираат половина Македонија

Лозарите од Тиквешијата утре ќе ги бликираат патните правци Прилеп - Скопје, Неготино - Скопје, Штип и Гевгелија, како и винарските визби Тиквеш и Повардарие. Тие се незадоволни од тоа што винариите не го испочитуваа договореното на неодамнешната средба во Министерството за земјоделство, дека ќе го откупуваат грозјето по минатогодишните цени.