Протести во Кашмир против сквернавење на Куранот

Најмалку 12 демонстранти се убиени во судирите со армијата во индискиот дел на Кашмир. Протестите беа потикнати од информациите дека Куранот бил осквернавен во САД. Десетици илјади демонстранти го игнорираа полицискиот час и излегоа на улиците. Тие палеле владини објекти и фралале камења кон полициските станици.