Јапонија го ослободи екипажот на кинескиот брод

Јапонија го ослободи екипажот на кинескиот рибраски брод, кој беше уапсен во водите на Источно Кинеско МОре. Според Ксинхуа, 14-те морнари биле ослободени, но сеуште не е позната судбината на капетанот, против кого е покренато обвинение од страна на јапонската полиција. Инцидентот ги подигна тензиите меѓу Јапонија и Кина, а Пекинг ги прекина преговорите со Токио за експлоатација на нафта и гас во Источно Кинеско Море.