Нетанјаху се премислува околу забраната за изградба на Западен брег

Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху изјави дека моменталната рестрикција на изградбата на населбите на Западниот брег нема да остане така, но дека и натаму ќе има одредени забрани. Нетанјаху му соопштил на специјалниот пратеник за Блискиот Исток, Тони Блер дека палестинците сакаат целосно замрзнување на изградбата, но дека тоа според него нема да се случи. Израел нема да гради десетици или илјадници домови, но нема ни да го загрози домот на оние кои што веќе живеат таму.