Груевски - Грција притиска за промена на нашето име и идентитет

Проблемот со македонските евроинтеграции е притисокот од Грција за промена на нашето име и идентитет, рече денеска премиерот Никола Груевски и додаде дека тој проблем не е својствен за останатите држави кои влегле во ЕУ и НАТО.
Тој се пофали дека пет од шесте најважни чекори во однос на евроинтеграциите се направени од страна на ВМРО-ДПМНЕ освен добивањето на кандидатскиот статус, што се случува за време на владеење на СДСМ. Груевски рече дека во време на ВМРО-ДПМНЕ Македонија го потпиша договорот за стабилизација и асоцијација, ги направи сите реформи за НАТО, доби позитивен извештај од ЕУ, доби препорака за почеток на преговорите и ја овозможи визната либерализација.