Србија се приближува до кандидатски статус за ЕУ

Словенечкиот министер за надворешни работи Самуел Жбогар утре ќе им предложи на шефовите на дипломатиите на земјите од ЕУ, да и наложат на Европската комисија да изработи „мислење“ за спремноста на Србија за добивање кандидатски статус за членство во ЕУ. Жбогар рече дека ЕУ мора да и испрати вистински сигнал на Србија, по заедничкиот пристап на Србија и Унијата по однос на прашењето на Косово.