Ирак ќе плати 400 милиони долари за гревовите на Садам

Ирак потпиша договор со САД за обесштетување на американските државјани кои биле малтретирани од страна на режимот на Садам Хусеин, во текот на заливската војна во 1990 и 1991. Во 1990 година, ирачките власти заробиле многу Американци, кои потоа биле користени како жив штит за да ги одвратат сојузничките бомбардирања. Дел од нив се жалат и дека биле мачени. Според договорот, Ирак ќе треба да им исплати на жртвите околу 400 милиони долари.