Протести во Владикавказ

Околу 300, главно млади луѓе, денеска протестираа пред владината зграда во Владикавказ, главниот град на руската област Северна Осетија. Во терористички напад во Владикавказ во четвртокот загинаа 17 луѓе, а повеќе од 100 беа повредени. Демонстрантите ја критикуваат полицијата дека не се грижи доволно за нивната безбедност и велат дека ако полицијата не може да си ја изврши задачата, најдобро е да се повлече.