Министерски состанок на ЕУ во Брисел

Министрите за надворешни работи на Европската унија денеска во Брисел го продолжуваат неформалниот состанок. Главни теми на состанокот, како што е најавено, се помошта за Пакистан и распределбата на функциите во новото дипломатско тело на Унијата.