Македонија во енергетски обновлива преродба

Македонија до 2020 година, наместо 16,3 отсто како сега, 21 процент од вкупните потреби енергија ќе добива преку обновливи извори, а до 2030 година 27 отсто, предвидува Стратегијата за обновливи извори енергија што ја усвои Владата минатата недела.
Ова, како што рече денеска на прес-конференција министерот за економија Фатмир Бесими, ќе значи 1,6 милијарди евра инвестиции во енергетскиот сектор, во големи и мали хидроцентрали, во соларни и ветерни електрани, како и во електрани со биомаса.
Целта на Стратегијата е Македонија да се вброи во земјите кои согласно ЕУ директивата 2009/28, до 2020 година 20 проценти од вкупната потрошувачка на енергија ќе произведуваат од обновливите извори.