Протести во Авганистан поради намерите за палење на Куранот

Локалните власти во северо источен Авганистан соопштија дека демонстранти каменувале НАТО база како протест поради плановите на една мала црква во Флорида да пали копии на Куранот. Неколку илјади луѓе протестирале во Фајазбад по молитвата која го означила крајот на Рамазан. Протести имало на повеке места во земјата.
Речиси целата американска администрација, на чело со претседателот Обама, како и воените команданти во Авганистан, го повикаа свештеникот на оваа црква Тери Џонс да се откаже од палеењето на светата исламска книга. Тој изјави дека не се откажал туку засега само ја суспендирал одлуката за палење на куранот.