Шпанија излегува од должничката криза, изјави Запатеро

Премиерот на Шпанија Хозе Луис Запатеро изјави дека земјата нема потреба од нови ригорозни мерки за штедење за да го намали буџетскиот дефицит, бидејки ситуацијата се подобрила. Тензијата со долговите на Шпанија е значително смирена, а банките повторно можат да емитуваат обврзници, изјави Запатеро.