Свештеникот од Флорида нема да го пали Куранот

Свештеникот од Флорида, Тери Џоунс се откажа од планот јавно да запали копии од исламската света книга Куран по повод одбележувањето на годишнина од терористичките напади на 11 септември 2001-та. Тој изјави дека се откажува од таа идеја затоа што добил ветување дека џамијата нема да се изгради на местото на каде се урнаа кулите близначки во Њујорк по нападите , туку ќе се најде друга локација. Планот на свештеникот за палење на Куранот беше критикуван од многу верски и политички лидери вклучувајќи и го американскиот претседател Барак Обама кој изјави дека тој план е деструктивен и опасен трик.