Ден на жалост по експлозија на бомба

Руската кавкаска република Северна Осетија прогласи ден на жалост по вчерашната експлозија на автомобил бомба при која загинале најмалку 16 луѓе и над 120 се ранети. Експолозијата се случила пред супер маркет во главниот град Владикавказ. Рускиот премиер Владимир Путин изјави дека безбедносните сили ќе сторат се за да ги уапсат сторителите. Рускиот шеф на федералната агенција за безбедност, Александар Борников изјави дека за сега се приведени тројца осомничени за нападот.