Затвореници побегнале од затвор во Багдад

Ирачките власти соопштија дека се во потрага по 4-ца затвореници кои побегнаа од затворот во Багдад што го контролирааат американските безбедносни сили. Американски воени претставници соопштија дека е откриено оти 4-цата затвореници успеале да побегнат кога други двајца биле фатени во обид за бегство од затворот. За побегнатите затвореници се смета дека се поврзани со терористичката организација Ал Каеда и дека се многу опасни.