Нова експлозија во Митровица, нема повредени

Во северниот дел на Митровица изутрината била фрлена експлозивна направа, а во експлозијата немало повредени. Станува збор за уште една во низата вакви инциденти што во последниве денови се случуваат на северот на Косово. Полицијата соопшти дека се уште трага по извршителите.