Пакистан: деветмина загинати во експлозија на мина

Во денешната експлозија на мина во пакистанскиот регион Курам кој се граничи со Авганистан загинале најмалку девет луѓе, додека неколкумина други биле ранети, соопштија локалните власти кои сметаат дека станува збор за уште еден инцидент поврзан со меѓуверското насилство. Во овој регионот веќе неколку децении траат насилствата меѓу муслиманите шиити и сунити.