Косовската влада ја поздрави ревидираната резолуција

Владата на Косово синоќа ја поздрави новата предлог резолуција што ја подготви Европската унија, со поддршка на Соединетите држави, како и одлуката на Србија да ја прифати. Во соопштението се наведува дека предлог резолуцијата отфрла секаква можност за преговори за статусот на Косово и ги повикува страните на соработка. ,,Владата на Косово секогаш изразувала готовност да соработува со Србија како две независни и суверени држави во рамките на евроатлантските интеграции,, се наведува во соопштението.