Белградскиот суд одби да го прогласи Младиќ за мртов

Судот во Белград го отфрли барањето на семејството на Ратко Младиќ тој да биде прогласен за мртов.
Семејството на најбараниот човек обвинет за воени злосторства, тврди дека тој како „многу болен човек“ не можел да преживее без постојана лекарска грижа. Семејството тврди дека во 1996 година Младиќ имал мозочен удар, а подоцна имал проблеми со срцето и стомакот.
Младиќ го напуштил домот во мај 2002 година и повеќе не се вратил. Според одредени информации, тој во еден период се криел во воени објекти во Белград, но од февруари 2003 година неговото семејство не добило никаков сигнал дека тој е жив, се наведува во молбата.