Иванов: Спорот за името троши најмногу време и енергија

Најголем дел од енергијата и времето се троши на прашањето како да се најде взаемно прифатливо решение за името, вели претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во интервју за МТВ. Тој рече дека во оној момент кога ќе дојдеме до такво решение веднаш во Македонија ќе се отвори јавната дебата за тоа решение и ќе се распише референдумот, за да се дојде до одлука која народот ќе ја прифати или ќе ја одбие.
Оваа генерација на политичари во Македонија, мора да најде решение на тој спор, рече претседателот Иванов.