250 тела на босански муслимани во Перуќачкото Езеро?

Остатоците на 250 луѓе кои исчезнаа во војната во Босна наводно се пронајдени во Перуќачкото Езеро во источна Босна. Во Институтот за исчезнати луѓе во Босна велат дека веруваат дека во езерото има 250 тела на босански муслимани убиени од Србите во околината на Вишеград. Потрагата во езерото почна во јули.