Американците жалат за затворањето на познат руски активист

Американскиот потсекретар за политички прашања Вилијам Барнс изрази жалење за затворањето на познатиот руски активист за човекови права Лев Пономарјов. Тој е осуден на 4 дена затвор поради тоа што не послушал полициска наредба на протестите од 12 август. Пономарјев, заедно со други активисти за човекови права, денеска требаше да се сретне со Барнс и со советникот за Русија на американскиот претседател Барак Обама.