Честитка од Премиерот Груевски за 8 Септември

Премиерот Никола Груевски на граѓаните на Република Македонија им го честита 8 Септемврио денот на независноста.
Граѓаните заеднички, вели Груевски, искористувајќи го своето врвно демократско право, гласајќи на референдум, се изјаснија за самостојност и независност на својата држава.
Граѓаните, смета Груевски, не отстапија од остварувањето на идејата за демократското и просперитетно општество, и интеграцијата во европското и евро - атлантско семејство на народите, каде што природно, вредносно и цивилизациски припаѓаме.